Во Сараево ретроспектива на анимираниот филм на Македонија и на БиХ

Ретроспектива на анимирани филмови од Македонија и Босна и Херцеговина со филмска изложба и реализација на проекции на анимирани филмови од двете земји ќе се одржи денеска и утре во Сараево, во кино Митинг Поинт.

Настанот е на инцијатива на НУ Филмски Центар „Вардар Филм“ – Скопје, а го организираат заедно со Сараевскиот филмски центар.

На проекциите и разговорите каде тема ќе биде анимацијата во минатото и сега, ќе присуствуваат директорот на НУФЦ Вардар Филм – Скопје Сани Саиди со дел од неговиот тим и авторите Жарко Иванов и Крсте Господиновски. Од земјата домаќин, најавено е учеството на млади филмски работници, на познатиот босански аниматор проф. Митад Ајнович како и директорката на Сараевскиот филмски центар, Инес Танович.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.