За време на викендот 22 -24 септември, ќе биде одржан Вики кампот во Михајлово на Кожуф. „Вики го сака живото наследство“ е проект кој трае цела година, поттикнат од Сузана Анас од Копенхаген, која на овој камп ќе ги поздрави учесниците во петок на неговото отворање. Вики кампот е дел на овој глобален проект за оваа 2023 година.
“Да го зачуваме живото наследство“ е мотото на годинешниот Вики камп кој е проект на ГЛАМ Македонија, со цел зголемување на статии и содржини на Википедија на македонски јазик на слободни теми, подобрување на постоечките статии, како и обука на несигурните уредувачи. Сите стари и нови членови на Вики Клубовите во Македонија се добредојдени да земат учество а во текот на Викикампот, ќе се одржат неколку заеднички уредувања а за најдобрите пет учесници ќе ги добијат своите награди на крајот од Викикампот.
Вики Камп е научно-образовен камп кој го организира Здружението на граѓани ГЛАМ Македонија. Кампот е тродневен настан организиран од страна на ГЛАМ Македонија во кој учествуваат ученици при што истите се ангажирани за создавање нови статии на Википедија на македонски јазик, како и збогатување на постоечките.Самиот Вики Камп, покрај главната негова цел, вклучува и посета на природните убавини и богатства во местото во кое што се одржува, како и разгледување на културно-историски знаменитости. Дополнително на тоа, учесниците ќе имаат спортско-рекреативни активности, а сето тоа е проследено со голема забава и дружење и развивање нови другарства и пријателства.Повеќе информации на следниот линк: https://wikicamp.mk/