Вечерва од 19 часот, на сцената на МОБ, ќе се изведе балетската претстава за деца, „Петар Пан“.
Кореографијата е на Џејмс Амар од Франција, сценографијата на Зоран Костовски, костимите на Марија Пупучевска. Во претставата настапуваат солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
Приказната за ‘момчето што не сака да порасне’ е една од најуспешните и најпопуларни детски приказни на сите времиња.
Ликот на Петар Пан, го создал шкотскиот писател и драматург Џ. М. Бери.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.