По двегодишна пауза, Планетариумот во МКЦ од утре ќе почне со работа. Сите заинтересирани повторно ќе имаат можност да учат за планетите, за ѕвездите, за сите светли и темни нешта во вселената, за сè околу нас.
Предавањата ги реализираат ценетите предавачи Моника Пешевска и Радан Митровиќ. Предавањата се адаптирани според возраста на посетителите.
Условите за посета на Планетариум се во согласност со постојните официјални протоколи за справување со пандемијата предизвикана од ковид-19.
Максимален број на посетители на едно предавање во Планетариум е 30 лица. Сите посетители треба да носат заштитна маска за време на предавањата.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.