Горан Таневски – фронтмен на Мизар и еден од највлијателните вокали на Југословенските простори, по повод 35 години од својата кариера издава три нови албуми и организира концерт со кој ќе се заокружи неговата плодна 3 децениска кариера.
Во пресрет на концертот кој ќе се оддржи на 13 Јуни во МКЦ Таневски и неговиот бенд организираат јавна проба за медиуми со цел поблиска и непосредна промоција на овој проект.
Јавната проба ќе се оддржи на 30. Мај (четврток) со почеток во 18.30 часот во студиото на Таневски кое е во состав на Макотекс – стара телевизија.
Таневски е музичар и сестран уметник. Композитор, пејач, текстописец кој остави печат врз македонската музичка сцена во својата плодна кариера, а е и еден од имињата со кои се поврзува алтернативниот рок на македонската музичка сцена. Таневски го предводеше Мизар во периодот од 1984 до 1991 година а според музичките критичари е еден од највлијателните вокали на овие простори.