На 30 декември на малата сцена во МНТ со почеток во 12:00 премиерно ќе биде одиграна монодрамата „Последната лента на Крап” од Семјуел Бекет, а во изведба и режија на првенецот на Македонскиот народен театар, Ѓорѓи Јолевски.
Претставата е ко-продукциски проект помеѓу Македонскиот народен театар и Перипетија продукција од Скопје. Продуцент е Ѓорѓи Јолевски, а извршен продуцент е Никола Кимовски.
Преводот на текстот од англиски на македонски јазик го направи драматургот Владимир Јанчевски. Сценографското решение, дизајнот на плакатот и програмскиот каталог се на Сергеј Светозарев, костимографијата е на Ивана Каранфиловска – Угуровска.
На светло дизајнот работеше Дарко Младеновски во соработка со светло – операторот Игор Митревски, а на дизајнот за тон – Ненад Трпеноски.
Билетите се достапни онлајн на следниот линк https://mnt.mk/online/index.php?id=438
Билетарницата работи понеделник и вторник од 12:00 до 18:00 и во среда од 9:00 до 14:00
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.