Нов број на списанието за хумор и забава „Без навреда “, кој го уредува Панде Димитровски, новинар од Битола. Во него многу хумор,афоризми и некоја стирична порака. За да имате убав ден четврток пред најсаканиот ден, пред викенд издоивме:
Високо
На највисокото можно дрво стои
гавранот и ужива.
Доаѓа зајакот и прашува:
-Што работиш горе на дрвото?
-Уживам и ништо не работам!
-И јас сакам да уживам,рекол зајакот.
-Ако сакаш да уживаш тогаш седни до дрвото,
но само молчи- не зборувај ништо.
Зајакот направил како што му рекол гавранот.
Седнал до високото дрво и ништо не зборувал,
демек ужива.
Но, од попусто ужување, заспал во длабок сон.
Во тој момент на теренот се појавила
лисицата и како што носи редот го лапнала.
Наравоучение:
Ако сакаш да не работиш ништо и да уживаш
БИДИ ГОРЕ !