Во недела, се одржа традиционалната книжевна манифестација Поткозјачки литературни средби 2020, Куманово. Поради ситуацијата со пандемијата, годинава, Средбите беа одржани виртуелно. Со свои творби настапија Виолета Николовска, Даниела Андоновска-Трајковска, Елена Пренџова, Игор Трпчески, Ирена Јурчева, Катерина Гогова, Марина Мијаковска, Оливера Доцевска, Славчо Ковилоски, Снежaна Стојчевска и Снежана Петрова, како и пејачката Мартија.
Поткозјачките литературни средби, една од најстарите книжевни средби во државава, се обновија пред три години, под покровителство на Општина Куманово. На годинешнава манифестација обраќање имаше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој го нагласи значењето на вакви средби и за Општината и за државата. Поткозјачките литературни средби беа и се неизоставен дел од книжевните моменти на градот Куманово и Македонија, но и на просторите на Балканот
Манифестацијата е во организација на Јустиција и ЦККС, а достапна е на shorturl.at/zKSUZ