Утре ( 17 декември) во 12 часот, во Музејот на современата уметност Скопје ќе биде отворена ретроспективна изложба на Јован Шумковски насловена „Вода/Ѕид“.
Куратор на поставката е Зоран Петровски, а проектот е поддржан од Министерството за култура. Музејот е отворен од 10 до 20 часот за посетители секој ден, освен понеделник, а в недела музејот работи до 13 часот. Изложбата ќе бде отворена до 28 февруари 2021 година,
Шумковски, досега зад себе има над дваесет самостојни изложби во земјава и во светот (Белград, Сараево, Софија, Љубљана, Стокхолм, Париз, Њујорк, Александрија и други). Во 1995 година беше претставник на Македонија на познатото биенале во Сао Паоло во Бразил, а во 2001 на Биеналето во Венеција.
Учествува на многубројни групни изложби и значајни интернационални проекти. Редовен професор е на ФЛУ од 2002 година.
Поставката ќе се одвива според протоколите пропишани за организација на јавни настани во услови на пандемија.