Онлјан прес-конференција – Презентација на Алтернативниот извештај на граѓанските организации

Првата Детска Амбасада “Меѓаши“ денеска ќе одржи  прес конференција на која ќе се презентираат наодите од Алтернативниот извештај на граѓанските организации за состојбата со правата на децата во Македонија, со почеток во 10.30 ч., на платформата Zoom.

Извештајот беше поднесен до Комитетот за правата на детето при ООН, како дел од периодичниот циклус на известување за спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето во државата. Истиот овозможува детална анализа на широк спектар прашања поврзани со правата на децата од послените десет години, структурирани во осум теми: општи мерки на имплементација, генерални принципи, граѓански права и слободи, насилство врз децата, семејна средина и алтернативно згрижување, попреченост, општа здравствена состојба и добросостојба, образование, одмор и културни активности и посебни мерки на заштита.

Подготовката на извештајот ја раководеше Детската амбасада Меѓаши, а свој придонес дадоа и повеќе од триесет организации и неформални граѓански групи, од кои најголемиот дел се членки на Македонската национална коалиција за правата на детето.-велат во соопштението од Амбасадата.

-10.30 – 10.35 –  Воведен збор  – Фатмире Ајдари, модераторка – координаторка на проекти во Детската амбасада Меѓаши

-10.35 – 10.45 –  Осврт на наодите од алтернативниот извештај – Васка Бојаџи, помлада истражувачка – специјалист за детски права

-10.45 – 10.55 –  Заклучни согледувања – Драги Змијанац, основач и претседател на Првата детска амбасада во светот Меѓаши

– 10.55 – 11.10 – Прашања на новинарите

Доколку сакате да се вклучите на Пресот оа се насоките за Zoom:Прес конференција за Алтернативниот извештај на невладините организации за состојбата со правата на децата во Македонија

Time: Dec 9, 2020 10:30 AM Sarajevo, Skopje, Zagreb

Join Zoom Meeting

https://zoom.us/j/93807271967?pwd=RFZlN1pobU5EQmRNU3UyT3gzb3Yydz09

Meeting ID: 938 0727 1967

Passcode: 167008

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.