„ИНТЕРЕТНИЧКО СТРИП УЧИЛИШТЕ“- Изложба во ликовниот салон во Велес

Проектот „СТРИП УЧИЛИШТЕ СТРИПОТ ВО ИНТЕРКУЛТУРНА ЕДУКАТИВНА МИСИЈА 2020“ е финансиран од Министерството за култура на  Македонија како дел од програмата за интердисциплинарни дејности за 2020 г.

Цел на проектот е развој на Интеркултурноста како и деметрополизацијата на културата преку едукативни стрип активности наменети за млади од разни етнички и други средини. Македонската стрип сцена е побогата за неколкумина млади автори од разни средини коишто треба да го најдат своето место во стрип сцената на нашата држава.

Поради новонастанатата ситуација предизвикана од КОВИД 19 , проектот е видоизменет со тоа што млади автори од различна етничка припадност од : Велес, Скопје, Битола и Куманово он лајн ги доставија своите стрип дела, од кои повеќето се на актиелната КОРОНА ситуација .Истите ќе се објават на пригоден каталог а ќе се организираат и пригодни изложби.

Прва од планираните изложби ќе се одржи во петок, 04.12 во 19 ч во Ликовниот салон во Велес ,а наскоро истоветни изложби ќе се организираат во Скопје и Битола.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.