Вечерва (9 ноември) камерниот оркестар „Скопски солисти“ во Македонската филхармонија, ќе одржи јубилеен концерт со почеток во 20 часот. Меѓу солистите се и примадоната на Националната опера и балет Весна Ѓиновска-Илкова, оперскиот тенор Благој Нацоски и обоистот Томе Атанасов,
Сопранот и професорка на Факултетот за музички уметности (ФМУ) во Скопје, Ѓиновска-Илкова е видно возбудена од враќањето на сцена, кое за неа е своевидно враќање во средина на која припаѓа.
Тенорот Благоја Нацоски, кој живее во Италија и настапува низ цел свет. Тој уште завчера на својот ФБ профил објави снимки од неговиот лет кон Македонија и напиша дека е пресреќен што ќе биде на сцена и тоа во неговата родна земја“.
По повеќемесечна пауза поради коронакризата, на голема радост на уметниците во земјава почнаа да се одржуваат културни настани, според протоколи за заштита од ковид-19. Со вечерашниот концерт “Скопски солисти“ го прославуваат јубилејот 20 години концертна активност.