Интервју со Бранка Селаковиќ писателка и новинарка од Србија – УМЕТНИЦИТЕ ГИ ОТВОРААТ ВРАТИТЕ КОН СВЕТОТ

Деновиве во Скопје престојува српската писателка Бранка Селаковиќ (1985). Селаковиќ е дипломиран филозоф, предавала филозофија, работела како новинар и уредник на Радио Белград, а сега е новинар-соработник од областа на културата за Ал Џезира Балкан. Авторка е на книгите Нарциси обоени црно, Капија, Лута сум, Еинаи,  а романот „Глинениот крал“ објавен во 2016 и ја донесе престижната награда „Мирослав Дерета“ за најдобар роман за 2016 година.  Член е на Друштвото на писателите на Срвија, а живее и работи во Белград. Есенската атмосфера во градскиот парк во Скопје беше одлично место за разговор со искрената Бранка Селаковиќ.

 Во Скопје сте повеќе од една седмица, а овде ќе останете еден месец на резиденционален книжевен престој. Како дојде до оваа соработка? Би можеле ли да ни кажете нешто повеќе за овој проект?

Овој октомври Скопје е мојот дом. Станува збор за резиденционалната програма Ридинг Балканс (Reading Balkans) кој е поддржан од стана на програмата Креативна Европа во соработка со неколку издавачки куќи од регионот. Кога е во прашање Северна Македонија, мој домаќин е издавачката куќа Готен Паблишинг (Goten Publishing) и искрено сум им благодарна што од големиот број на автори кои аплицирале ме одрбраа мене и мојот проект кој ќе биде завршен за време на мојот престој овде.

Првпат сте овде кај нас на подолго време. Што е тоа што ви се допаѓа во Скопје и пронајдовте ли доволно творечка инспирација?

Жителите на градов веројатно поинаку ги перцепираат промените отколку туристите и кога станува збор за секојдневниот живот, урбанистичките решенија и сеопштата естетика. Читав многу дискусии за спомениците, нивната големина…меѓутоа како набљудувач мене се ми изгледа убаво и пријатно. Можеби немам критички осврт. Кога се менува Белград во кој живеам повеќе од половина од својот живот или мојот роден град Ужице, често сум строг критичар, затоа што го знам претходниот изглед на градовите и емоцијата која е врзана со ниц. Кога сето тоа се менува, не прифаќам лесно.
Инаку, овде луѓето се многу топло, искрени и внимателни. Секаде наидов на разбирање. Првите денови бев права туристка. Се фотографирав. Уживав во разгледувањето на градот, спомениците, музејските поставки, парковите и се разбира храната. Тавче гравче на секои неколку дена на моето мени. Покрај сето ова, ме радуваат и средбите со колегите писатели. Искрениот однос и љубовта кон уметноста, книжевноста не поврзува, каде и да живееме.

Ви пишувате и поезија и проза со тоа што повеќе и сте посветени на прозата. Пишувате за да се ослободите, некому нешто да порачате, да промените нешто или…?

Пред се сум страсен читател, па потоа писател. Прво пишував невешти, младалачки песни, а потоа и проза. Како студентка во прва година на факултет објавив роман. Кога мислам на своите почетови знам дека ме фасцинираа полиците полни со книги во библиотеката која беше сместена во зградата во која живеев. Многу часови минував во читалната. Можеби се раѓаме со тоа, можеби околината не создава, но одсекогаш имав длабока, исконска потреба да пишувам. Покажував и изгледи за талент кон сликањето, но не сакав да се посветам на тоа, туку на пишувањето. Сознанието и потребата да создавам некои нови светови, да комап во сржта на човечката душа, емоциие, психата и да ги одгатнам човековите механизми и тогаш и сега се моја движечка сила.

Дали би можеле да направите паралела меѓу српската и македонската книжевна сцена?

Мислам дека не болат и дека не придвижуваат слични, а можеби и исти кога станува збор за општествено-историскиот контекст. Покрај некое во гените впишано чувство од ова поднебје, сме ја делеле и судбината на нашите народи и како уметници. Сцената е многу слична, Како творци се соочуваме со исти проблеми. Вечно во недостаток разбирање од страна на државните чиновници и нивните распределби на буџетот, но сепак опстојуваме и создаваме. Љуѓето на власт некогаш забораваат дека традицијата и идентитетот на еден народ почива на културата и само преку неа може да опстане. Уметниците ја отвораат вратите кон светот.

Дали македонската публика ќе има можност одблиску да се запознае со Вас и со Вашето творештво за време на Вашиот престој во Скопје? Какци се можностите Вашите дела да читаат и на македонски јазик?

На македонски јазик препеани се мои песни и објавени на порталот КулAрт.мк  во рубриката Licentia poetica. Во рамките на програмата од мојот престој, ќе бидат преведени и некои мои раскази. Секако дека би сакала на читателите да им бидат достапни и романите, макар и последниот „Глинениот крал“ кој го привлече вниманието на јавноста не само во Србија, туку и во регионот, но и новата книга со приказни на која моментално работам.

Велат дека, каде и да одиме, ние нешто земаме од тоа место, но и нешто земамем од таму. Што ќе понесете од Скопје, а што ќе му оставите?

Сликите врежани во сеќавањето, книги и секако сувенири. Се надевам дека ќе оставам убав впечаток на соработниците и на домаќините и дека повторно ќе дојдам.

 

Пишува: Филип Димкоски

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.