Предизвик за љубителите на далечните дестинации – Нов шопинг центар во Пекинг, архитектонско чудо

Во фаза на изградба е новиот шопинг центар во Пекинг, проектиран од страна на американскиот архитект Ендрју Бромберг од компанијата Aedas, познат по импозантни градби низ целиот свет.

Според изјавите од компанијата, овој проект кој веќе се нарекува уште едно Кинеско чудо, се планира  да заврши во 2020 година. Со ова архитектонско дело ќе се заокружи финалниот дел од мастерпланот на Светскиот трговски центар во Кина, кој вклучува две највисоки кули во Пекинг, сместени во бизнис областа на градот. Граѓанскиот центар, наречен Кинески Светски Трговски Центар – Фаза 3C, ќе ги спои енергетски ефикасните принципи со програми за мешана употреба, кои ќе ги задоволат уметностите, отворената рекреација, па дури и органско земјоделство.

Со својата привлечна скулптурална форма и обилен зелен простор, развојот на Фаза 3C ќе служи како порта на комплексот. Наместо градење на згради околу една граѓанска зелена улица, Бромберг го подигна зелениот простор на повисоко ниво и создадава градина поставена на три нивоа, која ќе биде опкружена со патека која се спушта до влезот од една страна и нагоре на другиот крај.

Градината  ја сочинуваат серија зелени тераси опремени со места за седење и големи дрвја. По должината на пешачката патека ќе се сади мешавина на цреша и борови дрвја, додека во постудените месеци со користење на вештачки снег ќе биде претворена во падина за скијање и санкање.

Олимпиското лизгалиште ќе биде лоцирано во центарот на зградата. Паркирањето е предвидено под земја. Зградата ќе вклучува и амфитеатар, уметнички студиа, изложбени простори, органска фарма, културни и образовни објекти, ѕид за качување по карпи, театар и област со вода која може да се претвори во отворено лизгалиште во зима.

Зградата исто така е наменета за поврзување на постојните и идните линии на метрото за да овозможи поврзување наподземниот пат. Вкупната должина на пат кој го опкружува центарот на градот е 48 километри. Зградата е дизајнирана да го максимизира внатрешниот пристап до природното светло за да ги намали потребите од електрична енергија.Одредени постоечки дрвја ќе бидат пресадени на покривот, а природните пејсажи ќе помогнат да се намали ефектот на топлински остров во градот и соларната добивка. Од специјално избраните дрвца и ефикасниот систем за наводнување се очекува да се намалат барањата за пејзажот на проектот за цели 30 отсто во споредба со основната линија на проектот за најнаводнуваниот месец.

Оваа година, Фаза 3C беше наградена  со титулата најдобар проект за иднината на MIPIM Awards – годишен настан за недвижнини во Кан, Франција.

Кинеско архитектонско чудо, кое секако е предизвик за љубителите на далечните патувања.

Пишува

Елена Ј. Максимовска 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.