Вечерва Giffoni Macedonia, ја продолжува програмата на филмски проекции со филмот „Заслепен од светлината“ кој е приказна за остварување на соништата инспирирана од вистински настан. Kомедија за сите генерации, посебно за оние кои ги сакаат осумдесеттите!
Влезот за вечерва како и за сите денови е бесплатен. Поради ограничените места во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката, можете да си ја резервирате вашата карта на следниот линк: https://filmfreeway.com/GiffoniMacedonia/tickets
Дневната онлајн програма е резервирана за првата работилница на фестивалот, „Готвиме со Бранко“, што се организираме заедно со здружението „Балкан синема ситис“ од Битола со наслов „Готвиме филм, сликаме филм, гледаме филм“, која учесниците ќе можат да ја следат на онлајн платформата на Џифони.
Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ ќе трае до 30 септември, како онлајн-издание, но и со по една вечерна проекција од 19 часот во летното кино „Мирно лето“ во Кинотека на Макеоднија!
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.