Ана Бландијана е псевдоним зад кој се крие името на Отилија Валерија Коман, родена во Темишвар, Романија, во 1942 година. Таа ѝ припаѓа на генерацијата романски неомодернисти, беше истакнат противник на режимот на Чаушеску, а нејзините храбри и искрени песни, како и храбриот став во одбраната на етичките вредности, ја претворија во легендарна фигура во романската литература.
На годинешново издание на Струшките вечери на поезијата ќе се закити со престижната светска награда во областа на поезијата „Златен венец“
Кораб со поети
Поетите мислат дека е кораб
И се качуваат на него.
Пуштете ме да се качам на коработ со поетите
Што плови низ далгите на времето.
А ниту му се занишува јарболот
И ниту се помрднува од место
(Оти времето околу него
Се движи сѐ побрзо).
Поетите чекаат и одбиваат да заспијат,
И за да не го пропуштат мигот
Кога коработ ќе се оддели од брегот –
Одбиваат и да умрат.
А што друго е бесмртноста
Ако не токму овој камен кораб,
Кој тврдоглаво чека нешто
Што никогаш нема да се случи?
Препев од романски јазик: Лидија Димковска (од книгата „Архангел во саѓи“)
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.