Во најновиот број на авангардната ревија за култура и уметност „Енекен“ од Солун е објавен расказот „Базен“ на македонскиот писател Томислав Османли. Грчкот превод е осмата јазична објава на овој расказ.
Станува збор за проза од циклусот холокауст повести кои нашиот автор ги објави во збирката „Светилка за Ханука“. Расказот од англиски јазик го преведе Тула Папанду. Расказот кој ги слика и разглобува интимните разгроми на еден од предводниците на депортацијата на македонсите Евреи, Константин З. е впечатлива проза во која авторот го користи мотивот на изградбата на базен од надгробни плочи на уништените еврејски гробници. Прагматичниот чин се извртува во апсурд, водата на базените не ги покрива, туку ги увеличува хебрејските натписи, а имињата на покојниците непрекинато ги потсетуват пливачите на трагедијата која е во тек. „Базен“ е психолошка повест раскажана од аспектот на злосторникот. Главникот лик Константин З. е клучниот, иако неволен организатор на депоратацијата на македонските Сефарди во 1943 година испратени во логорот Треблинка. Фокусното место на дејствието е тогаш изградениот базен од еврејски нагробни плочи, во бањата Кежовица во Штип во кој злостоникот залудно се обидува да најде релаксација од интимните проблеми и од неподнослио тешкиот товар на совеста. Така и овој, како и другите базени градени за време на нацистичките и на фашистичките окупации и на други места, поплочени со надгробните споменици на одамна упокоените, стануваат лупа за несмирените совести на носителите на расната, верска и етничка омраза…
Инаку, „Енекен“ е ангажирана меѓународна ревија за култура и општествени прашања и претставува дел од издавачка куќа и културен центар од Солун, предводена на уредникот и писател Јоргос Јанопулос. Во ова списание кое се објавува повеќе години, биле објавувани литературни прилози на неколку македонски автори. Томислав Османли во ова авангардно списание кое се појавува во Солун, досега објавил три свои книжевни прилози.
Расказот покрај оригиналната објава на македонски, тој беше преведен и објавуван во национални и во меѓународни публикации од Брисел, до Аргентина и до Ерусалим. Преведен е на англиски, српски, словенечки, хрватски и на јудео-шпански или Ладино, јазикот на Евреите Сефарди кој се зборувал и во Македонија.