Американскиот филм „Nomadland“ (Земја на номадите), за заедница на луѓе кои во комбињата ги преминуваат пространствата на американскиот Запад, го освои Златниот лав за најдобар филм на 77. издание на штотуку завршениот филмски фестивал во Венеција. Популарната “Мостра“ е првиот светски уметнички настан што се одржа оваа година пред публика во живо, од почетокот на пандемијата на коронавирусот.
Режијата на победничкото остварување е на кинеската режисерка Клои Жао, која живее и работи во САД, а главната улога во филмот ја има американската актерка Франсис Мекдорманд, која игра вдовица во шеесеттите, која своето комбе го претвора во подвижна куќа и тргнува на пат повремено работејќи сезонски работи.
Од жирито предводено од австралиската актерка Кејт Бланшет наведуваат дека фестивалот годинава не се соочи со голема конкуренција како што беше лани кога филмот „Џокер“ на Тод Филипс ја освои оваа награда.
Жирито додели и два Сребрени лава (големата награда на жирито), на мексиканско-францускиот трилер “New Order” (Новиот поредок) на режисерот Мишел Франко и на јапонската историска драма на режисерот Кијоши Куросава “Wife of a Spy” (Жената на шпионот), кој го доби и Сребрениот лав за режија.
Наградата за сценарио ја доби индискиот режисер Чаитања Тамхане за филмот “The Disciple” (Ученикот), а Специјалната награда на жирито беше доделена на рускиот филм “Dear Comrades!” (Драги другари!) во режија на Андреј Кончаловски.
Британката Ванеса Кирби (32) е наградена за најдобра актерка за својата глума во филмот “Pieces of a Woman” (Парчиња од жена). Во претставата на унгарскиот режисер Корнел Мундруцо, таа игра жена, чие дете починало непосредно по породувањето.
Наградата за најдобар актер, пак, му припадна на Италијанецот Пјерфранческо Фавино за неговата улога во “Padrenostro,” филм кој раскажува приказна за трауматското детство во Италија во 70-тите години на минатиот век.
Годинава за Златен лав се бореа 18 филмови. Исто така, за прв пат по една деценија, фестивалот беше отворен со италијански филм – брачната драма на Даниеле Лукети „ Lacci“, чие дејствие е сместено во Неапол.
Во Венеција, остварувањето „Оаза“ на српскиот режисер и сценарист Иван Икиќ ја освои наградата за најдобар европски филм во натпреварувачката секција – Денови на автори, а ова високо признание го доделува мрежата на киносали, Европа Синемас.
Во образложението за наградата, жирито напиша:
„Оаза“ е прекрасно снимен и многу поетски филм, и едногласно беше наш избор за добитник на оваа награда. „Оазата“ на Икиќ е нежна и длабоко потресна приказна, но истовремено е чист, бескомпромисен поглед на животот и љубовта на група млади со посебни потреби во државна институција. Режисерот се однесува кон своите природни актери со големо внимание и големо почитување, а тие возвраќаат со исклучително силна и природна претстава. Сценариото е совршено структурирано, а фотографијата овозможува убави, впечатливи сцени. Ова е филм што мора да се види во кино и можеби наједноставно е да се каже дека едвај чекаме да го гледаме повторно што е можно побрзо“, истакна жирито во Венеција.
Режијата на победничкото остварување е на кинеската режисерка Клои Жао, која живее и работи во САД, а главната улога во филмот ја има американската актерка Франсис Мекдорманд, која игра вдовица во шеесеттите, која своето комбе го претвора во подвижна куќа и тргнува на пат повремено работејќи сезонски работи. Жирито додели и два Сребрени лава (големата награда на жирито), на мексиканско-францускиот трилер “New Order” (Новиот поредок) на режисерот Мишел Франко и на јапонската историска драма на режисерот Кијоши Куросава “Wife of a Spy” (Жената на шпионот)