Скопје винкендов помина во знакот на четвртото издание на „ Статуа фест“. На плоштадот и на потегот кон Порта Македонија, 11 актери, пантомимичари и улични артисти, низ 9 „ замрзнати сцени“ го покажаа запрениот живот кај нас со пoјавата на пандемијата со Ковид-19 , од март наваму. Од енормната побарувачка по тоалет хартија,преку музичарите кои останаа без работа и неможноста да се патува во странство, до осиромашените угостители заради затворањето на објектите. Поради пандемијата, на годинашното издание на „ Статуафест“, беше без учество на странски артисти, како порано.
Еден од највпечатливите настапи беше настапот на актерите, Мето Јанакиевски како полицаец и Марија Кондовска во улога на здравствен работник кои ги доловија ретките професии кои напорно работат од почетокот на пандемијата, дури и во деновите кога сите граѓани мораа да останат дома. Треба да се почитуваат мерките за здравствените работници да имаат помалку работа. Да бидат и тие дома со семејствата , да се одморат.
Главната порака од Фестивалот , беше содржана во апелот : Комуницирајте на дистанца и почитувајте ги протоколи за заштита од Ковид- 19, за здравствените работници малку да се одморат, порачаа учесниците на фестивалот на живи статуи „ Статуафест“.
Зад организацијата на „Статуафест“ стои здружението „ Театроск“.