29 јули 1014- Голем пораз на војската на македонскиот цар Самоил кај Беласица

Во битката на планината Беласица кај Струмица, војската на македонскиот цар Самоил била тешко поразена од војската на византискиот цар Василиј II.

Битка на Беласица (Битка кај Клуч) — воен судир што се случил на 29 јули 1014 година помеѓу војските на царот Самоил  и византискиот цар Василиј II. Исходот бил погубен за македонските војски и за Самоиловото царство: голем број војници биле убиени, а останатите ослепени, со што била целосно уништена воената моќ на царството. Самоил по овој пораз не можел да се опорави и умрел истата година.

Цар Самоил или цар Самуил (958 -6октомври 1014 ) — средовековен македонски владетел кој на преминот од X кон XIвек формирал пространо царство на територијата на Балканскиот Полуостров.

Државата која ја создал е позната како Самуилово Царство а еден дел од историчарите, за да направат јасна разлика помеѓу новата држава  која ја создал Самуил и царството на бугарскиот цар Симеон I , го нарекуваат Македонско словенско царствоМакедонско царство

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.