КИЦ со промоции на три дела- Различните стилови и теми секогаш предизвик за авторите и читателите

Културно-Информативен Центар – Скопје, со препорачаната дистанца меѓу посетителите и задолжителни заштитни маски на посетителите, учесниците и организаторите  на 09.07 (четврток) со почеток во 18:00 часот ќе ја реализира  јулската промотивна литературна средба.

На почетокот збор два за книгата од младата авторка  Симона Николова „Бура од емоции”, која деновиве излезе во јавноста и која е криминалистички роман за хероината која неправедно е осудена за убиство. Дејството на романот се случува во Шпанија а далечните дестинации се предизвик за авторката Симона Николова, за која ќе зборува Татјана Гогоска.

Веднаш потоа  промоција на книгата  “Мое виножито” од  Даниела Ангелова -Прнарова , во 18 и 30 часот.

Даниела Ангелова -Прнарова родена на 11.07.1989 во Неготино. Дипломските и специјалистички студии ги завршува на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во 2015та  ја издава првата книга “Никогаш сама” , а во 2016та книгата “Мое виножито”.

Во изминатите неколку години учествува на државни распишани конкурси на кои освојува вредни награди. Во мометот посетува online курс во writting  студио за пишување филмско сценарио за документарен филм.

Книгата “Мое виножито” е книга низ која надежта за подобро утро се провлекува како виножито после дожд од низа неубави и тажни настани. Наше е да го прифатиме она што моментот ни го подарува со панделката на надежта.

Сечие виножито носи радост и надеж на душата која пред малку испливала од морето на солзите и страдањето.

Промотор на книгата ќе биде Татјана Гогоска, извадоци од книгата ќе чита Саша Шотаровски, водител Елена Максимовска.

Веднаш после овој настан во 19 часот , Културно-Информативен Центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани  на промоција на книгата „Графитот : рак, мерак и глупак !!! од авторката Ленче Китанова .

Ленче Китанова  завршила Филолошки факултет група македонски јазик и литература. Работи  како наставник по македонски јазик, живее во Штип.. Нејзината плодна работа како наставник со учениците со многу високи награди на регионално, државно и меѓународно ниво воМакедонија , Србија, Русија, Италија, Бугарија .Во 2015 година е прогласена за наставник на годината од Сојузот на Просветни работници во Р Македонија .Истата 2015 година во Ечка, Р Србија добива Диплома за денот на учителот .

Како поет и писател има објавувано свои литературни дела во повеќе антологии,добиено високи награди во Србија, Хрватска, Бугарија Македонија.

Нејзини  објавени  книги: стихозбирка „Назаминување“ , роман„ Заеднавистина “ ,стихозбирка „ Тунел “  и други.

Свој придонес  како човек и автор дала во пишување на рецензии за познати литературни дела, како во прозата , така и во поезијата.

Промотор на книгата ќе биде Татјана Гогоска,извадоци од книгата ќе чита Саша Шотаровски.

 

На овој начин КУлтурно-информатиниот центар ја доближува литературата,пишаниот збор и авторите до читателите на еден многу суптилен и софистициран начин, надвор од познатите протоколи, но строго применувајќи ги мерките на претпазливст и се обидуваме на луѓето да им донесеме најразлични содржини – вели за овој настан раководителот на литературниот сектор во КИЦ Емилија Михајлова.

Настанот ќе оди  LIVE  STREAM, на фб страната на КИЦ-Скопје.

 

 

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.