5 јули 1946-Во Париз промовиран новиот популарен кости за капење -бикини

Во Светскиот центар на модата ,Париз 1946 година на модна ревија е  презентиран првиот модел на модерниот костим за капење -бикини, чиј креатор е инжињерот Louis Reard .

Бикини е тип на дводелен женски костим за капење.Двете мали парчиња облека за капење ги именувал токму по полигонот за нуклеарни тестови односно Атолот Бикини бидејки мислел дека возбудата која ќе ја предизвика облеката ќе биде еднаква на експлозија на атомска бомба. Костимот на Reard е рафинирање на работата на Jacques Heim. Хеим два месеци порано го претставил Атомот кој го рекламирал како најмалиот костим за капење во светот. Во тоа време не можел да најде модел кој ќе сака да му ја носи креацијата па на крајот морал да ја најми голата танчарка Micheline Bernardini од клубот Casino de Paris.

Инаку историски првите вакви дводелни партали се забележани на грчките атлетичарки насликани на грнчарија која датира од 1400 година п.н.е.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.