Уредник на рубриката: Филип Димкоски
Владанка Цветковиќ е родена во Суботица, Војводина, Република Србија. Факултет завршила во Белград каде што денес живее и твори. Нејзината поезија е објавена во многу зборници и антологии во Србија и во други држави. Поезијата ѝе препејувана на италијански, словенечки, унгарски, хебрејски…Досега објавила над дваесет книги, а добитничка е на неколку домашни и меѓународни книжевни награди.
Носителка е на јавното признание Октомвриска награда на Општина Раковица за 2018 година. Член е на Хрватското книжевно друштво во Риека. Иницијатор и реализатор е на уметничката програма Градина обоена со стихови.
ГРИЖЛИВИ МОТИВИ
Сончево небо…
Соголени дрвја…
Никаде зеленило…да се турка…
Да не се помрдне…гранки проѕирни
Глад и жед на кожата…
Ноќ без крај….
Безлична белина…добро е…
Ладно…
Спирала…симфонија…
Огромна….
Во бездна..
Да се отвори ноќта…
Црв…
Ќелија која оди…
По цитоплазмата…
Траги од твоето име….
Довикувам…не одговарам.
ТАНЦ НА ПРАШИНАТА
Како шушкав звук
На грицкањето на термитите
Патилото се вовлече
Незабележително.
Голема гатанка
Во преддворјето на сонот и јавето.
Се беше како да сакам
Пламен или ветер.
Срцето ќе го оставам
Меѓу валканите пепелници
И како стуткан морж
Ќе се затетеравам во утре.
НЕЈЗЕ
Чекање.
Свеќата догорува.
Само белата врата
Како долгнаста дамка
Се оцртува во мракот.
Се затресе белата дамка.
Ја свртев главата…
А напред…очи,
Очи на јастреб кога черечи
Уловена птица
Не, не можеме да помегнеме.
Судбината ли повикува?
Ќе се потопи во белилото и крај!
Кој ќе знае каков оган
Пламтел во неа?
Превод и препев од српски на македонски јазик: Филип Димкоски