LICENTIA POETICA со Тањо Клисуров – ….Со прав ја пресече пејзажот и мојата воздишка слава.

 

Уредник на рубриката: Филип Димкоски

Тањо Клисуров е роден во 1944 година во Маглиж, Бугарија. Завршил бугарска филологија на Великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“. Клисуров е дел од „Трновскиот бран“ во современата бугарска поезија која се појавува во текот на седумдесеттите години на дваесеттиот век. Живее и работи во градот на липите и поетите Стара Загора. Автор е на четиринаесет стихозбирки и добитник на голем број награди. Една од неговите книги е препеана на руски јазик и објавена е во Москва. Неговата поезија е преведувана и објавувана и во Унгарија, Австрија, Кипар, Индија и Италија. Тој е почесен граѓанин на Стара Загора.

 ЛЕБ

Додека при крајот на викендот

лежевме во сенчестиот воздух,

тие слегоа од својата арабаџиска кола

и се втурнаа брзо кон чешмата.

Пет циганчиња многу црни

а исто така и многу гладни

под млазот ги натопија корките

од лебот кој мајка им, им го раздаде.

 

И гледаа со детско љубопитстви

кон нашите деца, кои шумно

прежиаа, одамна веќе сити,

дебели сендивичи со маргарин и шунка

За еднаквоста во тој миг помислив,

за целата утопијата

ветена за земјата,   собрана во

многутомни трудови.

Не се срамев, сакав да поверувам

одново во прекрасната утопија

зашто под клепките

нешто топло ми го замаглуваше погледот.

Арабаџиската кола замина. Со прав ја пресече

пејзажот и мојата воздишка слава.

На овој свет од памтивек најдлабоко

нѐ разделува лебот.

СПОР С С  

 

TAЈНА ВРСКА

Тие се сретнуваат во еден стан туѓ,

се обѕрнуваат на тихите гласој

таа влегува прва и пердето го спушта

додека скалите ги искачува тој.

 

Бидејќи времето им е броено,

без насит се љубат. Потоа знам,

по скалилото темно и студено

како што дошол, секој заминува сам.

 

Секој брза како да е бркан

едвај во метежот се чувствува скрит,

личат на лица вон законот

кои носат куфери со динамит.

 

Сетики некој ден во семејните кујни,

во некој вечерен пријатен час

криената бомба ќе експлодира,

само децата да не се дома-се молам јас.

  

Препев од бугарски на македонски јазик: Филип Димкоски

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.