Скопје годинава ќе биде еден од 12 градови кои ќе го одбележат Европскиот ден на музиката (European music day) 21 јуни (недела) , каде ќе бидат емитувани онлајн концерти и настапи од голем број светски изведувачи.
Главен организатор е Атина, а со настани и поддршка се вклучуваат Скопје, Берлин, Будимпешта, Букурешт, Краков, Истанбул, Манчестер, Милано, Љубљана, Лисабон и Прага. Градот Скопје и МКЦ го поддржуваат овој меѓународен музички фестивал, а наш претставник ќе биде составот Фолтин.
10 часовниот музички маратон ќе биде, .пренесуван преку интерент (live-stream) и ќе пратставува вистинско музичко патување низ Европа.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.