Националната библиотека на Фиренца, еден од најважните столбови на италијанската култура, чува сè што е објавено во земјата. Библиотеката беше затворена два месеца поради пандемијата на коронавирус. Сега библиотеката повторно се отвора и луѓето брзаат да ги вратат книгите што ги позајмиле пред карантинот.
Сепак, дезинфекцијата на книгите не е лесна, бидејќи хартијата е чувствителен материјал и не смее да дојде во контакт со детергенти.
„Сите материјали и тетратки што ги користат посетителите се чуваат на посебни места од безбедносни причини и се поделени во кутии во зависност од датумот на враќање. Остануваат во кутиите 7 дена“, вели во соопштението од Библиотеката за „Еuronews“ заменик-директорот Ана Лукарели.
За првпат од Втората светска војна, библиотеката е затворена толку долго. Тоа не се случило ниту за време на катастрофалното прелевање на реката Арно.