Културно-Информативен Центар – Скопје, на 11.06.2020г. во паркот пред КИЦ-Скопје со почеток во 11:00часот ќе го одржи поетско-музичкиот перформанс “Љубовта е најважна”.
Изминатиов период, уште еднаш ни покажа дека и во непредвидливи, најтешки ситуации кои не можеме да ги контролираме, единствено љубовта е главниот двигател на човекот и таа му дава сила да издржи и да се прилагоди на сите предизвици ,вели во соопштението одговорната за настанот Емилија Михајлова.
Не џабе низ векови од постоење на цивилизацијата, емпатијата и љубовта кон луѓето создавала “чуда“, а уметниците , пиателите, актерите, музичарите љубовта ја земале како неприкосновна вечна инспирација, во своите дела, се додава во соопштението на КИЦ.
Токму настанот „ЉУБОВТА Е НАЈВАЖНА“ ќе го посветиме на поезијата и музиката создадена од љубовната инспирација.
На настанот делови од најубавата македонска поезија ќе читаат актерот Благоја Чоревски-Чоре и авторот Татјана Гогоска
Љубовните звуци ќе ги чуеме преку хармониката на Јовче Петковски и неговите ученици а сето тоа под модераторство на Валентина Ѓоргиевска- Парго
Настанот ке оди на LIVE STREAM на ФБ страница на КИЦ – Скопје