Музичката, филмската и телевизиската индустрија во Холивуд започнува со работа на 12 јуни. Гувернерот на Калифорнија Gavin Newsom во петокот изјави дека телевизиската и филмската продукција во Холивуд ќе продолжат со работа по неколкумесечната пауза предизвикана од пандемијата на коронавирус.
„Музиката, телевизијата и филмската продукција можат да продолжат да функционираат нормално во Калифорнија по 12 јуни 2020 година“, објасни Newsom. Тој додаде дека е многу важно членовите на телевизиските и филмски екипи да се придржуваат кон епидемиолошките мерки додека работат на сетови.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.