Портрет насловен како “Житијата за Блаже Конески“ во грчкото електронско списание „Карта“

Ден сабота. На нашиот Портал www.kulart.mk e секогаш посветен на поезијата и литературата општо. Наидовме на убава информација од нашиот автор, новинар, писател, Томислав Османли поставена на неговата ФБ страна.

-Грчкото месечно електронско списание за литература „Карта“ (“Χάρτης”, Νο.18, Ιούνιος 2020) објави извонреден портрет на Блаже Конески насловен „Житија на Блаже Конески“ ( Συναξάρια του Μπλάζε Κόνεσκι ), проследен со преводи на седум песни од поетската ризница на нашиот најистакнат книжевник и лингвист, именувајќи го „корифеј на духовниот живот на соседна Северна Македонија“. Уредништвото изразува жалење што преводите се посредувани, направени преку англиски преводи на поезијата на Конески, додавајќи: „бидејќи не знаеме македонски, а со цел песните на Конески да стигнат до грчкиот читател, овој избор беше направен и покрај неговите очигледни ограничувања“. Пријателски интонираниот текст – илустриран со сјајниот портрет на академик Конески дело на академик Данчо Калчев – завршува со изразување надеж „дека наскоро ќе има преведувачи кои ќе се заложат да ја препорачаат работата на Конески во нашата земја директно од оригиналот“. Независно од напишаното преводите се многу добри.

-За поздравување се, особено, благородноите намери што стојат зад оваа бележита објава на нашите грчки колеги по чисто книжевно перо и по искрена καλοκαγαθία. 

Извор :

https://www.hartismag.gr/hartis-18/metafrash/synaxaria?fbclid=IwAR1I47sahWTFA96dASdncRC76MV5OdW3Ihlh1A6eUeY7K3E4zl0bDMO_FEA

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.