06.06.1944 година е познатиот Ден Д на Втората светска војна. Над 155.000 американски, британски и канадски војници се истовариле на плажите на Нормандија и започнала операцијата Оверлорд за продор на сојузниците во западна Европа.
Нормандија е еден од регионите во Франција и приближно одговара на историското Војводство Нормандија .
Административно, Нормандија е поделена на пет дела : Калвадос, Манш, Ер, Поморс Орн и Поморска Сена. Населеноста на Нормандија изнесува 111 жители на км2 формирајќи околу 5% од територијата на Франција. Климата е океанска. Средните температури се 6 °C во зима и 17,5 °C во лето.
Жителите на регионот се Нормандијци кои водат потекло од Норманите а јазикот е нормандски .
Историскиот регион на Нормандија го подразбира денешниот регионот Нормандија, како и мали области кои сега се дел од “департманите,” или областите Мајен и Сарт. Каналските Остврови (кои Французите ги нарекуваат воедно Англонормандски Острови) историски се дел од Нормандија; тие покриваат 194 км2 и се состојат од: Гернези и Џерси , кои денес се под власта на Британската Круна и каде кралицата Елизабета II е Војвода на Нормандија.
Денот Д или Операција „Оверлорд“ — нарекува воената инвазија на сојузниците од Англија врз Нормандија преку каналот Ламанш, која започнала на 6 јуни 1944.
Ова била една од завршните операции од Втората светска војна , со која започнала офанзивата на сојузниците врз силите на Нацистичка Германија од запад, и нивно постепено повлекување кон исток, кон Германија, од претходно окупираните територии на Франција,Белелукс и Данска. Главницата од сојузничките сили ја сочинувале американски, британски, канадски и француски единици. Целовкупната флота ја чинеле бродови од 8 различни земји, вкупно 6.939 бродови (1.213 воени бродови, 4.126 транспортни бродови и 1.600 бродови за поддршка, вклучувајќи ги и трговските бродови).
Истоварот на сојузничката војска започнало во 6 часот и 30 минути наутро кога 5.000 бродови и 10.000 авиони тргнале во напад. Прва на брегот била американската армија на коишто им претстоело да направат мостобран во западната зона на Нормадиското подрачје. Еден час подоцна започнал нападот на британските војници на источната зона. Четвртата американска дивизија на генерал Теодор Рузвелт вршела истовар во секторот Јута. Неколку бродови на коишто се превезувале единиците налетале на мини. Потонал еден од десантните бродови со 4 водоземни тенкови. Изгубен е и еден разурнувач, а во настанатиот метеж првиот бран на трупите биле истоварени 1,5 км јужно од планираното.