Агенцијата за изнајмување Spotahome од Мадрид направила анкета откако одлучила да открие што значи здравјето на еден град со помош на индекс. Индексот HCI дава оценка од 1 до 10 врз основа на 10 фактори. Секој град којшто нема оценка за кој било фактор веднаш се исклучува од рангирањето, а во последното рангирање за 2018 година на листата се најдоа 89 земји.
Факторите кои се земаат предвид при оценувањето се: просечен рејтинг на салите за вежбање, број на сончеви часови годишно, очекуван животен век при раѓање, ресторани за брза храна, гојазност кај возрасното население, баланс меѓу приватниот и професионалниот живот, квалитет на водата и на воздухот, зелени површини, станици за полнење електрични автомобили .
За секоја од овие категории се користат најновите податоци од повеќе извори како што се UBS Global Cities Ranking 2018, OECD Better Life Index, World Health Organization, TripAdvisor и CIA World Factbook. Кога ќе се соберат сите оценки, се прави еден просек од сите 10 фактори.
Според годинашниот индекс, ова се топ десет најздрави градови во светот:
Амстердам, Холандија ( 6.67 )
Осло, Норвешка (6,62)
Минхен, Германија (6,60
Ротердам, Холандија (6,60)
Берлин, Германија (6,52)
Талин, Естонија (6,36)
Виена, Австрија (6,31
Аделаида, Австралија (6,31)
Хелсинки, Финска (6,30)
Перт, Австралија (6,30)
Грижата за здравјето е полесна во градот каде што живеете, ако има зрави социјални навики, што значи да нема многу ресторани за брза храна, да има многу зеленило и чист воздух и да има доволно места за рекреација на жители.