Убава вест најмногу за децата.Тие од денеска повторно ќе можат да се дружат и да уживаат со животните во Зоолошката градина во Скопје. Taa ќе ги отвора вратите од 9:00 часот, но поради ситуацијата со Ковид-19 има нов протокол за движење и придржување кон мерките.
Посетителите при влез во Зоо Скопје ќе треба да носат маска или марама, ред ќе се чека на дистанца од 1,5 м кое е уредно обележано. Строго е забрането хранење и доближување до животните. Отпадоците мора да се фрлаат во корпите.
Една од мерките едека не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта. Низ зоолошката градина, посетителите ќе мора да држат дистанца од другите посетители. За ова ќе има дополнителни редари и секако примарна е совеста кај возрасните.
Од скопската зоолошка градина информираат дека бројот на посетители ќе биде ограничен, за во одреден момент да не се создава поголема гужва низ градината.
Оттаму додаваат дека животните едвај ги чекаат децата за дружба, затоа што веќе три месеци се многу осамени.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.