Малиот битолски Монмартр оваа година ќе биде без децата кои творат низ битолските улици. Пандемијата со коронавирусот годинава ги спречи децата од повеќе земји во светот да дојдат .
Но,сепак во Битола имаше свеченото отворање на 39-то издание на Малиот Битолски Монмартр , симболично, согласно мерките за заштита.
Наградата Гран при оваа година ја доби Марија Дима од Романија, која му беше врачена на почесниот конзул на Романија во Битола. Во студиото е поставена светската изложба на која се изложени најдобрите 717 творби од вкупно 15.000 пристигнати.
Најмногу децата млади сликари ја очекуваат следната година, кога ќе биде јубилејното 40-то издание на оваа ликовна манифестација да се сретнат низ улиците на Битола и заедно да создадат уште бројни вредни ликовни дела.