Многу книги се напишани за медитеранските градини. Една од основните карактеристики на медитеранските региони е разновидноста на микроклимата во помали области. Понекогаш е доволно да прошетате само стотина метри и веднаш ќе почувствувате поинаква микроклима.
Ќе ја земеме како пример Хрватска, каде на помала територија особено е изразена таа разноликост на медитеранската клима, односно во Ровињ или Опатија може да одгледувате лимони и бугенвилија, додека пак во средишниот дел на Истра, во местата Тињан или Пазин не успеваат ниту смокви нити олеандер.
За да дознаете до кој степен вашата градина може да биде со медитерански карактер, најдобро е да прошетате низ медитеранските области и да видите кои растенија, интересни за вас, растат во тоа подрачје. Можете да бидете сигурни дека повеќето луѓе веќе се обиделе да садат сè што може да се замисли, но не баш секое растение би преживеало.
Бидејќи сите посакуваат во своето опкружување да имаат медитеранска градина, ќе ги наброиме оние медитерански растенија кои, според нашето искуство, можат да преживеат во поголемиот дел од ова подрачје:
- Chamaerops excelsa
- Chamaerops humilis
- Yucca gloriosa
- Yucca filamentosa
- Agave americana
- Opuntia ficus-indica
- Tamarix ramosissima
- Pittosporum tobira
- Nerium oleander
- Pinus
- Iris germanica
- Lavandula
- Salvia officinalis
- Rosmarinus officinalis
- Crocus sativus
- Ocimum basilicum
- Thymus
- Calluna
- Mentha
- Melissa
- Rosa
- Vitis vinifera
- Carex sp.
- Festuca sp.
- Olea europaea
Дел од овие растенија се користат и како зачинско растение во скоро сите медитерански кујни, а дел и како ароматични растенија поради нивниот интензивен мирис.
Пишува Зоран Ордев
www.hortikultura.mk