Пионерски интернет проект „Тој и Таа” од театарот „Јодан Хаџи Константинов – Џинот”, Велес

Овој уникатен проект, продукција на велешкиот театар, е уметнички одговор на кризата, производ на културата во вирусна состојба чија цел е преку  максимално користење на комуникацијата која ја овозможува интернетот да се истражува изведбеноста во нестандардни облици.

Од технолошки аспект, проектот е изведен на тој начин што: пробите се изведуваат „онлајн”, потоа, актерите се снимаат себеси (најчесто со своите мобилни телефони) и на крајот, во процесот на монтажа, се обликува видео дијалогот. Приказната ја носат шест парови чии меѓусебни односи интермедијално се поврзуваат во единството на карантинската приказна.

„Тој и Таа” е единствен производ од својот вид. Предвидени се дванаесет епизоди кои театарот еднаш седмично, во ист термин, почнувајќи од сабота, 09.5.2020 во 20:00 часот ќе ги поставува на својата официјална веб страница www.teatarveles.mk

Режијата на проектот ја потпишува Деан Дамјановски, драматургијата Сашо Димоски, а видеодизајнот и монтажата Филип Коруновски. Во проектот учествуваат актерите: Благојчо Стојанов, Талија Настова, Васил Зафирчев, Славица Манаскова, Самоил Стојановски, Маја Љутков, Зорица П. Панчиќ, Симона Димковска, Слободанка Чичевска, Жарко Спасовски, Исидор Јованоски и Кети Борисовска.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.