Неколку од големите филмски фестивали се здружија за да помогнат во пандемијата на коронавирус.
Трибека и ЈуТјуб го најавија „Ние сме едно: Глобален филмски фестивал“, на кој ќе бидат претставени нови и класични филмови од целиот свет, пренесоа светските медиуми.
Настанот ќе трае повеќе од 10 дена со програма од Берлинскиот филмски фестивал, „Санденс“, Филмскиот фестивал во Сиднеј, Меѓународниот фестивал во Токио, потоа Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, Фестивалот „Трибека“, Венецискиот филмски фестивал, оној во Њујорк, како и Канскиот фестивал меѓу другите.
„Честопати зборуваме за уникатно моќната улога на филмот во инспирирањето и обединувањето на луѓето преку границите и разликите за да се помогне во исцелување на светот. На целиот свет му треба исцелување во моментов”, посочи Џејн Розентал коосновач и извршен директор на Трибека филмскиот фестивал во соопштението до медиумите.
„Ние сме едно: Глобалнот филмски фестивал’ ги обединува кураторите, уметниците и раскажувачите на приказни кои треба да ѝ пружат забава и олеснување на публиката ширум светот. Заедно со нашите исклучителни фестивалски партнери и ЈуТјуб се надеваме дека секој гледач од филмовите ќе го добие она што сите од овие фестивали ги прави уникатни ценејќи ја уметноста и моќа на филмот“.
Програмата ќе биде бесплатна на ЈуТјуб, но гледачите ќе имаат можност да донираат на Светската здравствена организација, како и на локалните субјекти.
„Ние сме едно: Глобален филмски фестивал“ ќе трае 29 мај до 7 јуни.