Што правиш во време на корона ?
-Оваа количина на слободно време не сум ја имала никогаш, бидејќи животот секогаш ми бил динамичен и исполнет со движење, дружење, патување и најчесто отсутна од својот дом…Затоа овој период на изолација на мене делува позитивно, целосно дома со своето семејство, опуштено во заеднички разговори, читајќи и надградувајќи се себеси.
Средбите со пријателите ги заменив со подолги телефонски разговори. На почетокот следев се што се пишуваше за короната, но сега се сведов на минимум, бидејќи сите тие информации ми создаваа чуство на немир. А сега, кога времето е убаво поголем дел од денот сум во двор, пиејќи кафе и засадувајќи цвеќиња. Едноставно, имам време за се она што сум сакала да го правам а сум немала време. Но, кај себе си открив и една друга љубов -готвењето. Уживам да експериментирам разни рацепти што, во изобилството од време, ги наоѓам на интернет.