Oнлајн работилници и презентации наменети за децата од домот 11 Октомври-“Заедно да ги направиме децата среќни„

Здружението на граѓани за култура и уметност АН-БЛОК Скопје традиционално од 1998 година го реализираше проектот „Заедно со Вас да ги направиме децата среќни” кој има значење од областа на здравствената заштита, економско, психосоцијално, образовно и културолошко образование, во Клиниката за детски болести во Скопје.

Интересот за реализирање на проектните активности во рамките на проектот „Заедно со Вас да ги направиме децата срекни“ е се поголем затоа што целите кои се стремиме да ги  постигнаме се реално потребни и се од голема важност затоа што опфаќаат широк спектар од сите сфери на општественото живеење. За реализација на проектот пројавија интерес многу институции каде има ранлива категорија деца. Здружението АН–БЛОК смета дека вниманието оваа година треба да се насочи кон децата од Домот за деца без родители 11 Октомври .

Генерална цел на проектот е градење самодоверба и инкорпорирање во општествениот живот, а приоритетни конкретни цели се: како и на општествени вредности во однос на оваа ранлива категорија на најмладите граѓани; овозможување на еднакви можности во смисла на грижа на општесвениот систем во целост за нивен напредок во секоја смисла; унапредување на здравствената заштита преку вклучување во едукативни програми за стекнување нови знаења и вештини и зголемување на нивото на здравствена едукација, како и обезбедување психосоцијална поддршка и едукација; вклучување во различни интерактивни активности за поттикнување на креативното размислување и изразување; овозможување полесно адаптирање во средината и поттикнување комуникација и финансиска поддршка на децата и домовите.

Финансиски е поддржан од страна на Град Скопје, а организатор е Поликсена Илиоска.

Валентина Ѓоргиевска-Парго

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.