Друштвото за управување со отпад Нула Отпад почнува со ликовно-креативен предизвик за сите деца на предучилишна и училишна возраст. Предизвикот ќе биде отворен до 30 април 2020 година, додека и следниот ден ќе бидат објавени видеата кои според бројот на лајкови на социјалните мрежи привлекле најмногу внимание..
Родителите и децата да го искористат слободното време на еден креативен и интересен начин преку изработка на плакат и негова видео презентација на тема: „Да ја заштитиме планетата од опасниот отпад – отпадните батерии и електронскиот отпад – Рециклирањето е важно и неопходно!“.
Доколку едукативната кампања е успешна и пристигнат минимум 20 видео пораки за креативниот предизвик на следниот e-mail: [email protected], Нула Отпад, најмоќната еко порака и видео според бројот на лајкови на социјалните мрежи ќе ја награди со главна награда лаптоп.
– Се надеваме и на Ваша поддршка и споделување на ликовно-креативниот предизвик, да допреме до сите деца, родители и наставници да земат учество и убавите пораки од децата за новата планета и новото време да стигнат до сите и да внесат позитивна енергија во овие тешки денови, соопштуваат од Нула Отпад.
Друштвото за управување со отпад Нула Отпад ДОО Скопје, датира од 2012 година. Своето дејствување како непрофитна организација во управување со специфичните текови на отпад, го започна кон крајот на 2012 година и оттогаш функционира исклучително активно и претставува поим за позитивни вредности во заштита на животната средина.
Повеќе информации на http://www.nulaotpad.com.mk/?portfolio=ликовно-креативен-предизвик-2.