Телото на Кенедиевата внука Мејв е пронајдено а за нејзиниот 8 годишен син сеуште се трага. По се изгледа играта со топка завршила фатално за дел од потомците на Роберт Ф. Кенеди. Таа со семејството била во куќата на својата мајка кога исчезнала зедно со својот син. Мејв и нејзиниот осумгодишен син последен пат биле видени како се возат со кану во заливот Чесапик
После интензивна потрага полицијата вчера соопшти дека нејзиното тело е пронајдено околу четири километри низводно а за телото на синот се уште се трага.
Мејв Таунсенд е ќерка на поранешната гувернерка на Мериленд, Кејтлин Кенеди Таунсенд и внука на некогашниот сенатор Роберт Ф. Кенедли,убиен 1968година.
Работела како правник за јавно здравство и човекови права и била Извршен директор на Глобалната иницијатива за здравје на Универзитетот во Џорџтаун.
Според информациите таа со семејството била во самоизолација во Мериленд каде се преселиле од својата куќа во Вашингтон во времето на пандемијата да бидат позаштитени. Тие влегле во кануто и исчезнале откако сакале да ја фатат топката со која играле.
Многумина велат дека проклетството на Кенедиеви не запира. Во исчекување на нови информации за осумгодишното момче.