Онлајн забава- Шоута на Лојд Вебер мора да продолжат

Серијата музикли, насловена The Shows Must Go On! („Шоуто мора да продолжи!“) на популарниот Лојд Вебер , ќе започне во петок со филмска верзија од 2000 година на Веберовата „Јосип и дречливите бои на неговите сништа“ со Дони Осмонд и Џоан Колинс.

Лојд Вебер светската слава ја постигна со прочуениот мјузикл „Мачки“, кој е еден од најдолго играните мјузикли, на лондонската сцена е изведуван 21 година, а на Бродвеј 18 години.

Тој основаше фондација за помош на уметниците и за развој на уметности. Во 2010 година  на една аукција продаде слика од Пабло Пикасо од својата приватна колекција, а приходот од 37 милиони фунти го пренасочи за понатамошна работа на фондацијата.

Фановите на музичкиот театар од своите домови ќе можат да гледаат неколку од најпопуларните дела  а шуто ќе биде достапно  48 часа од 18:00 часот (GMТ временска зона) почнувајќи од петк 10-ти април.

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.