Уредник на рубриката: Филип Димкоски
Нихад Месиќ е роден во 1965 година во Тузла, Босна и Херцеговина. Објавил десетина статии од областа на човековите праава и решавање на конфликтите во БиХ и во странство. Коавтор е на книгата “Globalising Hope/ Globalizzare Speranza” која е објавена во 2007 година во Италија. Лирски записи под прекарот Ривер почна да објавува во 2002 година на форумот Cyberbulevar, a објавувал и во списанијата „Диоген про култура“, „Книжевно перо“, „Задарска смотра“, Максминус“, „Есенин“, „Кадо“, порталите Тузларија, БУКА,Радио Горни Град и други.
Еден е од десетте коавтори на книгата „Под исто небо“ објавена во 2008 година објавена во издание на DHIRA verlag, Kusnacht,во Швајцарија а кај истиот иѕдавач ги објавува и своите самостојни книги „Доволно луд“, „Пречекорување на стравот“ и „Зад оклопот“ (2009, 2010 i 2011). Во издание на „Босанска реч“ од Тузла објавени се неговите книги „Не мораме за политика“-избрани и нови записи 2012 и „Што да правам кога те сакам“ во 2013 а истата година учествува и во заедничкото издание „Допрени од стихот“ од издавачот Култура снова од Загреб, Хрватска.
Во издание на издавачката куќа „Паун“ објавена е книгата „Четворопис на времето“ избор поезија и проза од Самија, Ениса, Џемал и Нихад Месиќ. Мултимедијалното издание „Да сум река“ објавено е во 2015 година во издание на Библиотеката Лукавац, потоа во 2017 ја објавува книгата „Во догледно време“ во издание на Хрватското книжевно друштво од Риека. Поезијата му е препејувана на англиски, германски, италијански и француски јазик и презентирана на радио и телевизиски програми.
Застапен е на повеќе портали меѓу кои и Poetas del mundo oд Чиле и во повеќе антологии и зборници во Хрватска и во Србија. Добитник е на повеќе награди.
Член е на Друштвото на писателите на Тузланскиот кантон, на уметничката група Луцидо, Хрватското книжевно друштво во Риека, Здружението на балкански уметници во Суботица и на Здружението на балкнаски уметници во Сараево. Живее и работи во Тузла.
ВРАТИ
Доаѓа време,
се отвораат
врати пред нас.
Како никогаш
да не биле затворени.
Наеднаш се присторува
дека никогаш отворени не биле.
Само копнеж бил,
само пуста желба.
Впрочем никаде не се поместиле.
Уште се тука.
Врати што среќата
ја чуваат зад
бравите невидливи.
НЕ СЕ РЕКИТЕ КРИВИ
Не се реките криви
што луѓето се гадни
и не знаат.
Не се реките криви што течат.
Да течат мораат
Така им е запишано.