Во светот досега се регистрирани 723.732 луѓе заразени со новиот коронавирус од кои, починати се 34.000, а оздравеле 151.833 лица. Ова се денешните податоци од Светската Здравствена Организација .Вирусот е присутен во 203 земји и реони од целиот Свет.
Кина пријави во изминатово деноноќие 31 случај на новозаразени со коронавирус, вклучувајќи и една локална трансмисија, што е опаѓање во споредба со 45 новозаразени претходниот ден. Провинцијата Хубеи, каде беше првото жариште на епидемијата, шест дена по ред нема нови случаи. Таму се смета дека епидемијата е во целосно змаинување.
Градската управа на Њујорк синоќа соопшти дека од Корона вирусот во градот досега починале 776 лица, додека во таа сојузна американска држава има вкупно 1.026 смртни случаи.
Во Централ парк во Њујорк во тек е поставување монтажна болница, која ќе прима пациенти со симптоми на овој вирус и ќе биде подостапно тестирањето на заболените и оние со симптоми.
Црна Гора информира за шест нови случаи на заразени со коронавирус, со што вкупниот број се зголеми на 91 лице. Капетанот на црногорската војска Бранимир Вулевиќ изјави дека, во изолација се 98 војници од превентивни причини, како и дека досега меѓу нив нема заразени. Тој информира дека 134 припадници на војската се задолжени за чување на Клиничкиот центар и објектите наменети за карантин, додека повеќе од 50 вршеле деконтаминација на луѓе, моторни возила и материјално технички средства.
Јапонската влада ќе забрани влез за странци кои доаѓаат од САД, Кина, Јужна Кореја и поголемиот дел од Европа со цел спречување на ширењето на епидемијата.
Српскиот претседател со најави воведување построги мерки, вклучувајќи и 24-часовен полициски час.Во привремената болница, поставена во халата на Белградскиот саем, наменета за заразени со Ковид-19 со блага клиничка слика, вчера се примени првите пациенти и до 20 часот беа сместени 33 лица.
Билансот на заразени во поранешните Југословенски Републики е: Словенија евидентирани 730 случаи на заразени, во Хрватска 715, а во Србија 741. Во Босна и Херцеговина се потврдени 323 случаи, од кои шест лица починаа.
Во Бугарија има нови осум случаи на коронавирус, зголемувајќи го вкупниот биланс на 354 заразени. Од нив, 221 лице се во Софија. Хоспитализирани се 127 лица, 13 се интубирани, а 15 излекувани.
Претседателот на Нигерија Мухамаду Бухари синоќа нареди општа забрана за движење на населението во градовите Абуџа и Лагос, откако бројот на заразени во земјата се искачи на 100 лица.
– Јужноафриканската Република соопшти дека бројот на заболени се зголемил за 93 за едно деноночие, и сега изнесува 1.280. Тие во петокот воведе 20-дневен карантин за луѓе, го ограничи движењето на населението, а повеќето фирми не работат.
– Јужна Кореја утрово извести за 78 новозаразени со коронавирус, додека бројот на излекувани се зголеми за 195 и сега од вирусот во таа земја се опоравиле вкупно 5.228 пациенти…
Светската здравствена организација постојано преупредува лужето од сите страни на светот и сите меридијани да с епридржуваат кон правилата во борбата со оваа светска епидемија затоа што реално светот е пред голема опасност. Ковид 19 е вирус кој ги погодува едноставно сите .
Татјана Гогоска