LICENTIA POETICA со Зденка Валент Белиќ- Што знаеме ние воопшто?

 Уредник на рубриката: Филип Димкоски

 Зденка Валент Белиќ (1975) е поетеса и уредничка на списанието за книжевност и култура Нов живот (Nový život). Дипломирала словачки јазик и книжевност. Работела во Градската библиотека во Нови Сад, а од 2013 година работи во Покраинската влада. Активно се занимава со уметнички превод од словачки и од чешки јазик. За својата преведувачка дејност добитничка е на наградите  „Павел Орсаг Хвездослав“(2012), која ја доделува Асоцијацијата на здруженјата на писатели на Словачка и наградата „Превод на годината“ која ја доделува Друштвото на книжевници на Војводина. За поезија два пати ја добила наградата „Rozlety“ (1994 и 1997) а добитничка е и на прва награда на фестивалот „Gerbocova literarna Snina“(2017).  Авторка е на книгата „Имигранти во Вавилонската кула“ (Завод за култура, 2017) која е објавена и на словачки јазик во 2018. Членка е на Друштвото на книжевници на Војводина (Нови Сад), Клубот на независни писатели (Братислава), Здружението на уметнички преведувачи на Србија (Белград) и Друштвото на новосадски писатели (Нови Сад).Пишува поезија, есеи, проза и книжевна критика. Објавува во Србија и во Словачка.

 НОЌТА  НА  ПОМПЕЈСКИОТ  ОГАН

Дали заспаните да се будат

или да се бдее над молчењето?

Штурците ги оставиjа гудалата и со мрсните

букви ги испишуваат сметките.

Тескоба се вовлекува меѓу камeњаta

и карпаtaкако острица на амен

o камен загребала.

Завива страв со писокот вијугав,

со немиот жар чадат серпентини.

Страста испарува…

Неиздржлива е смрдеата на изгорените желби.

На џагорот вратот му е  заклан,

aво огледалото – само плоснататемница

заробена од кој знае кога

како илјадагодишниот пепел во помпејската печка.

 

Дал’ да дувнеш во тескобата на дланка?

Во раскошната глава на глуварчето?

Во сонот

со синото небо?

Дал’ да дувнеш или здивот да го сокриеш?

И да бдееш над молчењето?

 

Само жарче што ги сотрува наивните инсекти

се слуша уште како цврчи.

Нашиот бешумен сон

наскоро ќе биде празен.

Стравот ни ја распарува надежта на денот

и верата во синилото

под капаците на заробеното помпејско момче,

Недопреното.

 

AПОКРИФИ

ЖЕНАТА НА ЛОТ

 

Што знаеме ние

за чиј поглед се свртела таа

бегајќи од пламените јазици на Содома?

Oдчијапутеност oжеднела

возбудена како кога од високата карпа

со сета силина ќе скокнеш

во млако море

a тоа благодарно ги раскрилува рацете и

ја пушта жедна да се нурне во него.

Пења им шишти околу ушите,

Брановите ги фрлаат, ги вртат

Итаат во височините, a потоа оддеднаш понираат во солена утроба

на битие.

Ќе ја расипаше сласта наоколукако

искидана ниска од бисери

од хукот на свилената вода,

што од устата лековито извира.

Затегнување на залепената коса обвиткана

околу вратот,

влакна во уста и вкусот на крвта

од касањето на распуканите усни.

Знаеме ли ние нешто за тоа гротло

Кој како железен оков

гуши?

Koлку е тежок? Дали успева да го носи

забранувано тело, а од него да не се откине?

Би ја впивала во себе пијавицата на торнадо

која ги кине стеблата,

и ги корне од коренот,

ја простира земјата од бусени по почвата,

како тегла со лешници

случајно во занес со рака превртена.

Стакло пукнало, a плодовите се растркалале по дрвениот патос

дури под окно на прозорецот.

Каде е сега тој прозорец на Гомора

низ кој со окото се враќаше?

Таму таа ги простре лешниците и бисери,

или ја покида гривната,

обетки немарно ги спуштила под креветот,

сличајно поминала преку фрлена бела кошула

после ритуално принесување на жртвата од сопственото тело

на најмоќниот Бог.

Што знаел за нејзиниот пекол

Оној кој и наменил рај, а градот го запалил,

Од кој ја сега во трчање како окривена изведуваат

Додека од себе ја тресе страста како необришани капки вода

Носејќи го своето последно зрно на солта под јазикот.

Што е тоа што ние воопшто го знаеме?

 

РАЗДЕЛБА

Ме даруваш со разбирливото молчење.

Се накривиле деновите под неговото траење.

градбата е накривена,

сега веќе знам дека ќе падне.

Не, онака величенствено, во оган како Нотр дам,

Туку како истрошена колиба,

чиј кров немо клекнува под сопствените темели.

 

Секогаш кога нешто ќе ти падне на прсти, тогаш боли,

подскокнуваш на другата нога и во себе пцуеш.

Секогашкога нешто ќе ти падне

се фаќаш за градите и го запираш урликот.

 

Човек умее да зборува само на својот јазик

иако не е сосема сигурно дека и  него го разбира

и дека сосема знае што кажал.

Ние двајцата (какозвучи свечено ова!)

долго веќе молчиме на мајчините јазици

згледани во подот.

Некогаш сме се гледале во очите.

 

Вавилонците околу нас ја артикулираат својата беда,

Капнувадреновина по патот.

Устите се отвораат и ја цедат љубезноста

во која нема да се удави

нивната злоба.

Kaко во немиот филм

гестакулираат и се разминуваат.

 

Го впивам нашиот нем разговор,

затоа што  единствено него го разбирам.

Кажаното ќе ме препознае каде и да тргнам.

 

 

Препев од српски на македонски јазик: Снежана Алексиќ Станојловиќ

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.