29 февруари, кога го имаме а тоа е секој четврта година е 60-от ден во годината, значи до крајот на оваа 2020-та имаме уште цели 300 дена.
Еден од настаните што се случиле на глобални рамки на овој ден. е 29 февруари 2012-та година кога е завршена со градба и пуштена во употреба радиодифузната кула „Токиско небесно дрво“ -втора највисока градба во светот.
Токиското небесно дрво (. 東京スカイツリー, токјо сукај цури; Tokyo Sky Tree) е кула за радиодифузија , угостителство и набљудување во општината Сумида во Токио ,Јапонија. Во 2010 станала највисоката градба во земјата, а во март 2011 ја достигнала полната висина од 634 м. Со ова кулата е втора градба по висина во светот по Бурџ Калифа во Дубаи. Целиот проект е завршен на 29 февруари 2012 а отворена за јавноста е на 22 мај 2012-та година.
Нарачатели на проектот се железницата Тобу и група од шест емитувачи, на чело со државната радиотелевизија NHK . Кулата стои во средиштето на нов голем деловен реон на подеднакво растојание од железничките станици Нарихирабаши и Ошиаге, 7 км североисточно од Токиската станица. Главна цел на кулата е предавање на телевизиски и радио сигнали од достатна височина. Постоечката Токиска кула со своите 333 м повеќе не овозможува целосна покриеност бидејќи е опкружена со голем број на висококатници.