Холивудската актерка Џејми Ли Кертис на својот инстаграм-профил на кој ја следат преку два милиони луѓе од цел свет, напиша дека добила подарок од Атиџе.
– Слатко изненадување директно од изворот. Атиџе ми остави тегла. Ветив „Половина за мене, половина за нив“. Најслаткиот подарок и најчистата приказна. Ако сѐ уште не сте го гледале „Медена земја“, одете! – напиша таа под фотографијата со подарокот.
Кертис на своите профили на Инстаграм и на Твитер ги напиша впечатоците за македонското ремек-дело, документарниот филм „Медена земја“, во кој објаснувајќи ја суштината на филмот, со кој влеговме во нова оскаровска историја, напиша “ совршен момент за овој филм. „Медена земја“ кога ги впиваш во еден момент:алчноста, ненаситноста, семејството љубовта,честа, природата, истрајноста и те обзема совршениот спој на природата и човекот “.