Со антифашистички слогани и со изведба на песната „Бела чао“, Риека синоќа почна да го одбележува својот статус на Европска престолнина на културата за 2020.
Повеќе од 70 настани се одржаа на 30 локации низ градот, а централната прослава беше во градското пристаниште, во која, покрај стотици уметници, учество зедоа и илјадници граѓани.
„Риека го презеде статусот на Европска престолнина на културата во исто време кога Хрватска стана претседавач на Европската Унија и досега не се случило овие два важни улоги да се совпаднат во една држава“, изјави министерката за култура Нина Обуљен-Коржинек.
Покрај Ријека Европска пресолнина за култура е и градот Голвеј во Ирска а титулата ја преземаат од италијанскиот град Матера и бугарскиот Пловдив кои во 2019-та ја славеа културата на Европа.