ОТВОРЕНО СО МЛАДИТЕ- Како да направиме позитивни промени во нашето размислување кои ќе не доведат до среќа

Пишува Емил Чинго 

Како би го почнал моето видување за она што ние младите луѓе кои животот во својата иднина го гледаме тука треба да направиме за да имаме поквалитетен и среќен живот цо општетсво кое е сосема поинакво веќе ,променето со голем удел на делот на сајбер просторот во секојдневието. Сметам дека ова е и општество на можности и шанси. Општество на вештачката интелегенција.  Општество каде што главниот двигателот е информацијата. Живееме во едно поразлично општество во однос на тоа како не воспитувале, поразлично општество во однос на тоа како цел образовен систем нас не подготвувал. Па дали во сите овие години ние сме добивале правилна едукација? Дали сите овие години некој нас не подготвувал за времето кое што доаѓа или само онака залудно со некој стари модели на воспитување и на едукација ни поминало а ние сме тапкале во место? Дале сме подготвени и дали сме свесни за светот кои пред наши очи се создава и гради? Дали учеуствуваме во неговата изградба или само како живи мртовци поминуваме крај него? Дали имаме соништа? Дали имаме цели? Дали работиме кон изградбата на нашите соништа и нашите цели? Дали секојдневно се бориме за да нашите соништа станат реалност? За што сме тука дојдени? Случајно од некаде сме паднале или моожеби имаме мисија? Мисија  да помогнеме, да промениме и да покажеме како преку наш личен пример ли? За што сме тука? За да даваме или за да земаме?  Дали не движат и насочуваат правилно? Уште многу многу прашања поставени а одговори има ли? Каде ли се кријат одговорите? Знае ли некој можеби да одговори?

Јас сум едем млад амбициозен дечко кој што цели кон промени, кон промени кои би ни донеле подобро утро. Доаѓам од Скопје и имам само 24 години. Она кое што длабоко од срцето го сакам е претприемништвото. Зошто баш претприемништовото? Оти е скроено да те научи како преку лична пракса а не преку теорија да научиш, создадеш и имплементираш некоја нова вредност во ова општество. Вредност од која што самото општество ќе има корист а бидеќи ти си придонел општеството ќе ја плати твојата услуга. Факултет немам а и не планирам да запишам оти знаењето кое што јас го барав во мојата област формалниот образовен систем не беше подготвен да ми го даде, а и сметам дека никогаш нема да биде оти е скроен по потребите на индустрализацијата а не по потребите на човечкиот ум и човечкиот напредок. Како и многу други деца јас пред се бев дете кое што беше многу палаво, желно за авантура и акција во секој момент. Желно да направи некоја мала палавштина и некоја беља. Да се навратам на детството уште на првиот школски час септеври 2002 кога почнав основно, на едно место, во една иста училна се најдоа деца кои како договорени за палавштини во наредните 8 години беа скроени во таа училна. Училна на шанси и можности ли? Или можеби еден вид на затвор, кои што секојдневно преку игра и смеа го демолиравме, но никако да се сруши, катанците врежани за нас, длабоки окови забодени во земја а ние урламе, скокаме викаме но залудно како да не гледаме просто како да сме слепи. Поминуваа секунди, поминуваа минути, поминуваа саати денови и години. Секојдневно ние одевме на школо, од 08-14 часот наликува како едно работно време нели? Чудно нели? Мислиме дека е случајно? Кој знае…

Ете така поминаа многу брзо тие 8 години, школо, палавштини после школо па дома демек да читнеме нешто од книгите дека утре можно е да не испрашувале или некој тест ќе сме имале. Да не испрашуваат за што? Да не тестираат за што? Кој е оној кој што на мене ми ја одредува вредноста како личност? Кој е оној кој што ме тестира? Кој е оној кој што ми вика дека правам нешто погрешно ако грешам? Кој е оној што не ми дозволува да грешам? Па нели единствената формула за успех доаѓа преку многу и многу неуспех? Па нели Меси и Роналдо се онаму каде што се бидејќи најмногу згрешиле од сите? Оти биле подготвени да згрешат најмногу од сите? Оти биле подготвени без разлка на мислењето околината да не се откажат, да грешат и да станат светски фудбалски имиња? Затоа ли се на врвот во фудбалската индустрија? Ние секојдневно игравме фудбал. Со нетрпение чекавме да имаме физичко или некој час да губиме за да се фатиме за нешто кое што сите го сакавме. Игравме фудбал. Па дали нас среќа ни носеше учењето на некој општи информации кои само го кочеа нашиот ментален систем или играњето фудбал? Дали станувавме секој ден подобри и подобри во фудбалот преку грешки? Па има ли друг пат да станеш поуспешен освен ако многу не грешиш? Има ли начин да дојдеш до некој светски врв ако ти притоа се плашиш да погрешиш? Ако притоа во твојата ментална програма некој инсталирал апликација која дава црвен сигнал кога ти треба да се обидеш? Кога ти треба да тргнеш кон акција да направиш нешто оп црвен сигнал. Кога ти ќе посакаш нешто големо оп црвен сигнал. Вируси ли?? А свесни ли сме за тоа? До каде допира нашата свест? Живееме во дното на Европа ли? А мислиме дека сме свесни? Веруваме? А што ако можеби имаме погрешни верувања? Што ако нашите верувања  се неточни? Ќе можеме ли да го убиеме егото и да продолжиме? Ќе можеме ли да си признаеме дека не знаеме? Ќе можеме ли да кажеме оти наместо околните фактори дека нас не не бива? Ќе можеме ли? Ќе можеме ли да си признаме дека големината на секој човек се мери според големината на проблемот со кој што тој ќе се соочи? Ќе можеме ли да се погледнеме во огледало и да си кажеме, знам дека не знам, свесен сум дека не знам и сакам да научам?? Дали апликациите кои што ни се инсталирани можеме да ги реинсталираме? Ќе можеме ли сами против себе? Дали дојде моментот каде што човекот станува пополека свесен дека треба да се сврти према себе? Да почне од себе? Дека околината е само обична илузија на стратов? Многу прашања а одговори? Каде ли си кријат? Во самите нас ли? Да продолжам ли?

БЕЗБРОЈ ПРАШАЊА ВО ГЛАВИТЕ НА МЛАДИТЕ ЛУЃЕ -ОДГОВОРИТЕ СЕ ВО ВАС САМИТЕ

Дали образовниот систем е подготвен да ни го даде она кое што ние го бараме?Дали образовниот систем ни нуди знаење какво што ние бараме? Дали образовниот систем е подготвен да ни помогне да се претвориме во личноста која што одсекогаш сме сонувале? Дали е искреиран според нашите потреби? Имаме материјални проблеми? Немаме пари? А што се тие? Степен на свест ли? Можеби? Нејќеме да се согласме? Не можеме да поверуваме? Кој не ни дозволува? Егото ли? Можеме ли да се бориме против него? Против нашата гордост? Можеме ли да го победиме? Дали сме доволни силни да се бориме? Има ли неограничени сили во секој еден човек? Што сме ние? Безлимитни битија ли? Имаме ли граници? Зошто си поставуавме граници и лимити тогаш?

 

Мене ми е навистна драго што имам прилика јавно да споделувам дел од мојте мисли кои што можеби ќе допрат длабоко до вас и ќе создадат многу непоставени прашања. Прашања во врска со текстот, прашања во врска со човекот кој го пишал текстот, кој е тој? Што е тој? Од каде храброст вака јавно да говори на овие теми? Прашања без одговор ли? Ќе се обидам да одговорам на сите прашања оти дружбата тука нема да заврши ова е само еден мал почеток, вовед за она кое што следи. Можеме ли најдеме одговори на сите овие прашања? Одговорите кои што ние ги бараме се кријат длабоко внатре во самите нас ли? Оти лимитот нели е само во самите нас?!?

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.