Претставата “Сестрите Прозорови” вечерва со прва реприза на сцената на Велешкиот театар

“Сестрите Прозорови” премиерно беше изведена во Велешкиот театар на  22-ри јануари 2020 година во Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот”, работена според „Три сестри” од Чехов, документаристички материјали и авторски текстови, во адаптација и драматургија на Сашо Димоски, а во режија на Васил Зафирчев.

„Сестрите Прозорови” е прва премиера на Велешкиот театар за сезона 2020 која театарот ја реализира од сопствени средства. Станува збор за коавторски проект на Сашо Димоски и Васил Зафирчев, во кој улогите ги толкуваат Кети Борисовска, Маја Љутков, Славица Манаскова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски. Костимограф на претставата е Раде Василев, а автор на плакатот и рекламниот материјал е Филип Коруновски.

Претставата трае 65 минути и не е за лица под 14 години, а заради трепкачки ефекти во светлосниот дизајн истата не се препорачува за лица кои патат од епилепсија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.