После успешното претставување на изложбата “Тектонски пореметувања” која брои вкупно 64 слики на македонскиот академски ликовен уметник Зоран Арсовски – Бабата во бугарската престолнина Софија, на барање од љубителите на уметноста поради големиот интерес и желба овој најнов опус на дела да биде виден и во помалите градови во внатрешноста на Бугарија изложбата ќе биде отворена во градот Ќустендил на 17 Јануари (петок) 2020 год. во 17.00 часот во “Изложбениот Салон на Општинскиот Театар Ќустендил” Република Бугарија.
Пошироката публика ќе има можност да ги види и да ужива во делата на нашиот академски современ визуелен уметник Арсовски до 20 Февруари 2020 год.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.